Поврзете се со нас

АТП

Огномет го прекина четвртфиналето на Ѓоковиќ, па следеше тениска експлозија на теренот (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ и Денис Шаповалов одиграа извонредно четвртфинале на турнирот во Аделајд, дуел кој беше во прекин десетина минути поради активностите во центарот на градот.

При резултат 2:1, двајцата тенисери мораа да почекаат да заврши огномнетот во Аделајд, кој беше посветен на сите православни верници кои слават Божиќ.

Откако заврши оваа претстава која се пренесе и во директниот пренос, следеше тениска експлозија на теренот, бидејќи двајцата тенисери презентираа страшна игра.

Шаповалов не ги искористи своите шанси во првиот сет и не реализираше три брејк топки, за што беше казнет од страна на Ноле.

После еден час игра, Новак поведе со 1:0 во сетови (6:3), што само доволно говори колку долго се играа првите седум гејма во мечот.

Во вториот сет, Ноле прв направи брејк, Шаповалов не се откажа и возврати, но како клучен се покажа вториот брејк на Србинот при резултат 4:4. Со конечни 6:4 во вториот сет, Србинот се пласираше во полуфиналето во Аделајд, каде противник ќе му биде Русинот Данил Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни