Поврзете се со нас

Македонија

Официјално: Васоски се врати во Академија Пандев после неполна година

Објавено

на

Академија Пандев се раздели со тренерот Ѓорѓе Стојчев по уверливиот пораз од Струга во Првата лига, а само три дена подоцна го објави името на новиот предводник.

Станува збор за лице кое е многу добро познато во Струмица и кое беше дел од стручниот штаб на овој тим пред само една година, а кое сега се враќа за да ги врати работите во посакуван правец.

Александар Васоски си замине од Академија Пандев минатата сезона, но по кратката авантура во Сараево, сега повторно ќе го води тимот кој го напушти во јануари.

Васоски има добра врска и пријателски односи со Горан Пандев, па најверојатно тоа е повеќе од доволна причина за нова соработка меѓу него и клубот.

Академија Пандев се наоѓа на петтата позиција по шест одиграни кола во новата натпреварувачка сезона во ПМФЛ, со биланс од две победи, едно реми и три порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни