Поврзете се со нас

Франција

Обвинителството го промени барањето, Бензема се спаси од потенцијална затворска казна

Објавено

на

Карим Бензема може да биде поспокоен откако обвинителите во судскиот процес за уцените на Матје Валбуена го променија барањето во однос на евентуалната казна за ѕвездата на Реал Мадрид.

Напаѓачот е меѓу обвинетите во случајот во кој неколку лица го уценувале Валбуена со објавување контроверзно видео, но најважна вест за него е промената во однос на санкцијата која обвинителите ја бараат пред судот.

Првично, на Бензема му се закануваше петгодишна затворска казна, а сега во најлош случај може да добие 10-месечна условна казна и да плати 75.000 евра во вид на парична казна.

Францускиот репрезентативец не може да заврши зад решетки, но затоа на другите обвинети им се заканува затворска казна од две, односно четири години.

Судот во Версај може да ги објави своите одлуки уште денеска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни