Поврзете се со нас

Англија

Обамејанг откри зошто си замина од Арсенал: Имав проблем само со него, тој донесе одлука

Објавено

на

Еден од најдобрите африкански напаѓачи, Пјер-Емерик Обамејанг ја заврши приказната со премиерлигашот Арсенал и во наредниов период ќе го гледаме во дресот на Барселона.

Габонецот влезе во оваа сезона како незаменлив дел од Арсенал, но настанаа проблеми по кои Габонецот едноставно беше „избришан“ од менаџерот Микел Артета кој за него е главниот виновник што морал да го напушти клубот од северен Лондон.

-Toa беа комплицирани месеци, но мислам дека фудбалот понекогаш е таков. Од моја страна никогаш не сум сакал да направам нешто погрешно и сега мислам дека ова е минато и сакам да размислувам за сегашноста и токму сега тоа е мојот одговор.

-Мислам дека проблемот беше само во Артета и тој ја донесе одлуката. Не можам многу да кажам, не бев среќен и тоа е тоа. Така се случи. Не бев многу среќен, останав многу смирен и тоа е тоа, -порача Пјер-Емерик кој во Барса ќе го носи дресот со 25 и може да дебитира веќе овој викенд против Атлетико Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни