Поврзете се со нас

Боречки спортови

Нурмагомедов победи, па ги шокираше фановите: Ветив дека ова ќе биде моја последна борба

Објавено

на

Хабиб Нурмагомедов го подобри својот неверојатен ефект во УФЦ, откако со вечерашната победа над Џастин Гејџи стигна до 29-0 во ММА кариерата и тоа на доминантен начин кој подразбира нецели две рунди.

На спектаклот во Абу Даби, Дагестанецот лесно успеа да стигне до победа со технички нокаут, а веднаш по крајот на борбата, не можеше да ги задржи солзите, посветувајќи му ја победата на својот неодамна починат татко и тренер.

Хабиб ги воодушеви своите фанови со начинот на кој го доби дуелот со незгодниот Гејџи, но на крајот и ги шокираше, откако најави дека ова била негова последна борба.

– Ова е мојата последна борба. Не постои начин да се вратам без мојот татко.

– Кога ми се јавија од УФЦ за борбата со Џастин, разговарав со мајка ми три дена. Таа не сакаше да се борам без татко ми, но јас и ветив дека ова ќе биде моја последна борба. А, кога ќе дадам збор, сакам тоа да го исполнам, – изјавил Нурмагомедов.

Хабиб шоу: Нурмагомедов го реши Гејџи уште во втората рунда (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни