Поврзете се со нас

Боречки спортови

Хабиб шоу: Нурмагомедов го реши Гејџи уште во втората рунда (Видео)

Објавено

на

Долго очекуваниот дуел меѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи во УФЦ октагонот заврши со победа на фаворитот, а Дагестанецот го откажа противникот уште во втората рунда.

УФЦ 254 настанот денеска се одржуваше во Абу Даби, а во најатрактивната борба, Нурмагомедов успеа да ја реализира својата стратегија, гушејќи го противникот со нозете, со што го примора Гејџи да го прифати поразот.

По одлуката на судијата, Хабиб падна на подлогата и се расплака, емотивно посветувајќи му ја победата на својот татко и тренер, кој почина неодамна по компликациите предизвикани од коронавирусот.

Со овој триумф, Нурмагомедов стигна до 29 победа и се уште нема пораз, додека за Гејџи ова е 3 пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни