Поврзете се со нас

Шпанија

Нова незадоволна ѕвезда: Уште еден првотимец на Реал побарал трансфер во јануари

Објавено

на

Иако беше вратен во првиот тим по инсистирање на Зинедин Зидан и всушност беше прекината неговата двегодишна позајмица во Реал Сосиедад, Мартин Одегард не може да се пофали дека уживаше во голема минутажа во овој прв дел од сезоната, поради што сега побарал нов излез од „кралскиот клуб“.

Оваа вест вечерва ја пренесоа двата најугледните мадридски медиумите „Марка“ и „АС“, весници кои тврдат дека Норвежанецот побара од Реал Мадрид да биде испратен на нова позајмица во се уште актуелниот јануарски преоден рок .

Одегард брилјираше во редовите на Реал Сосиедад минатата сезона и токму поради тоа беше вратен во првиот тим на Реал, но во моментите кога се очекуваше да добие поважна улога во составот на Зидан, во овие први неколку месеци одигра вкупно 367 минути. Дел од тоа се должи и на несреќната повреда која ја имаше на стартот на сезоната, но сепак во последно време исчезна од поставите на францускиот стручњак, а ситуацијата ескалираше со последата листа на тренерот.

Зидан не го вклучи во листата на играчи кои конкурираат за настап против Алкојано во Купот, а „Марка“ и „АС“ уверуваат дека тоа е така поради фактот што Одегард и неговите агенти побарале да направи трансфер во најскоро можно време.

Одегард има само 22 години и се наоѓа во период и развој на кариерата во кој мора често да биде на теренот, па токму поради тоа, Норвежанецот сака да го следи примерот на Лука Јовиќ кој замина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт каде веќе постигна два гола на второто деби. Како што информираат „Марка“ и „АС“, Одегард веќе има понуда од Сосиедад за враќање во Баскија, па последниот збор се очекува да го има Зинедин Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни