Игри на среќа
Нов милионер во Sport Life: Мајсторија во Тетово со пет парови на тикет
Одличен викенд за играчот на Sport Life во Тетово. Со само 5 погодени пара на тикетот и тој се запиша во клубот на „милионери“ на Sport Life.
За оваа атрактивна и висока седумцифрена добивка, петте пара на тикетот биле со вкупен коефициент 257, а влогот изнесувал 3.900 денари.
Сите пет натпревари на кои се обложил биле одиграни во саботата, во термини од 14 и од 16 часот, а комбинацијата била по два меча од Германија и од Англија и еден од Суперлигата на Турција.
Првиот пар – Динамо Дрезден со два брзи гола во последните шест минути од првиот дел најавил победа против Инголштад, на крајот и убедлива со 4:0, за фатен тип 1-1, со квота од 4.75 во Sport Life.
Вториот германски меч на добитниот тикет е од пониските лиги во Германија, а се чекало двојка на дуелот меѓу втората екипа на Борусија Менхенгладбах против Алеманија Ахен. Двоен стрелец за гостите бил Огузан Ајдоган, по еден во двете полувремиња за триумф на гостите од 1:2 и фатена двојка со коефициент од 2.60.
Врв на добитниот тикет е мајсторски одиграниот тип Х-Х на дуелот во Турција меѓу Анталијаспор и шампионот Башакшехир, кој меч завршил без голови.
Двата преостанати натпревари во Англија од 16 часот, биле одиграни со единици на Барнсли против Милвол (2,18 коефициент) и на Мансфилд со Моркамб (2,30 коефициент).
И двата нашиот играч ги погодил-Барнсли прослави против Милвол со 2:1 и Мансфилд со триумф од 1:0 против Моркамб ги освои бодовите и воедно ја запечати добивката од еден милион денари во Тетово.
-
Македонијапред 21 час
Симиќ го врати Шкупи во Првата лига
-
Конференциска лигапред 20 часа
Олимпијакос повторно и зема мерка на Астон Вила и обезбеди прво европско финале (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид загубил еден фудбалер во драматичниот триумф над Баерн
-
Италијапред 23 часа
Капело го советува Милан: Се зависи од тоа што бара клубот, но…
-
Лига на шампионипред 11 часа
Поразот вреди повеќе од победа: Борусија ќе заработи далеку повеќе пари ако загуби од Реал во финалето во ЛШ!
-
Светпред 22 часа
Штербик излезе од болница, го очекува долг процес на закрепнување
-
НБАпред 20 часа
Феникс доби „метла“ од Минесота, па го отпушти тренерот
-
Англијапред 22 часа
Жоржињо откри зошто потпиша нов договор со Арсенал