Поврзете се со нас

Германија

Норвешката гол машина во Бундеслигата-17 голови на 18 натпревари (ВИДЕО)

Објавено

на

Ерлинг Браут Халанд иако има само 20 години веќе важи за еден од најдобрите напаѓачи на светот, поточно најквалитетните „деветки“ во светот на фудбалот.

Норвежанецот на секој натпревар е голема опасност за противничката екипа, постигнува голови, асистира, знае да отвори простор за соиграчите, па поради тоа се наметнува на големата сцена.

Колку е само добар Халанд говори овој податок-тој во дресот на Борусија Дортмунд кој го носи од почетокот на оваа календарска година има одиграно 18 мечеви во Бундеслигата, а има постигнато 17 голови што е скоро во просек по еден гол на натпревар што навистина е извонредно со оглед на неговата возраст и што има простор за дополнителен напредок.

Во продолжение погледнете ги сите погодоци на Халанд во Бундеслигата, првенство кое е меѓу петте најдобри во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни