Поврзете се со нас

Англија

Њукасл потврди дека е гостинска екипа: Вилсон и Жоелинтон му пресудија на Кристал Палас (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Њукасл го победија Кристал Палас со 2-0 и уште еднаш потврдија дека сезонава играат многу подобро на гостински терен отколку на „Сент Џејмс Парк“ во Премиер лигата.

Ова за избраниците на Стив Брус беше четврти сезонски триумф, втор надвор од својот дом каде на вкупно пет средби имаат претрпено само еден пораз и тоа против Саутемптон (2-0). Трите бода за Њукасл ги донесе дуото Вилсон-Жоелинтон, првиот погоди на асистенција на вториот во 88 минута за да 60 секунди подоцна се сменат улогите и Бразилецот стрела за потврда на победата.


Њукасл со 14 бода е точна на средина на табелата, десетто место. Кристал Палас со 13 поени е на 13 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни