Поврзете се со нас

Англија

Ни Руни, ни Лампард, изненадувачко име фаворит за тренерската позиција во Евертон

Објавено

на

Од  таборот на Евертон се во потрага по перманентен наследник на Рафаел Бенитез кој доби отказ по очајните резултати со клубот оваа сезона.

Во медиумите во Англија се споменуваа имињата на Вејн Руни и Френк Лампард како можни нови тренери на „карамелите“, но како што стојат работите друг тренер ќе биде фаворит за да седне на жешкото столче на „Гудисон Парк“.

Имено, Фабрицио Романо пренесува дека Витор Переира е изборот на управата на Евертон за нов тренер на клубот.

Португалскиот стратег во текот на денешниот ден требало да пристигне во Англија каде ќе се сретне со управата на клубот. На средбата требало да се разговара за најситните детали, како и за тоа кој би влегол во тренерскиот тим на Переира.

Се очекува во текот на утрешниот ден да се знае повеќе околу тоа дали поранешниот тренер на Фенербахче ќе го преземе тимот на Евертон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни