Поврзете се со нас

АТП

Неверојатно: Русинот кој загуби од Ѓоковиќ лудо славеше по поразот од светскиот рекет број еден (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ многу потешко од очекувањата се пласираше во третата рунда на Мастерсот во Монте Карло, откако наиде на навистина сериозен отпор од 198-от тенисер на АТП листата.

Малку познатиот Иван Гаков вчера го намачи светскиот рекет број еден во првиот сет и на моменти изнуди и бесни реакции од Србинот, а најурнебесна беше онаа на стартот на вториот сет која стана и вирална.

Ѓоковиќ порача дека сите послабо-рангирани тенисери се разигруваат кога играат против него, но и покрај потешкотиите, на крајот излезе на крај со Русинот и славеше со 7:6 и 6:2.

По последниот освоен поен, Ѓоковиќ му честиташе на Гаков за одличната партија, а овој му возврати дека се надева на нови пресметки и во иднина бидејќи тој бил неговиот голем идол.

Интересно, Гаков подоцна стана вирален хит и на социјалните мрежи, бидејќи поразот од Ѓоковиќ го славел со шампањско и пица во својата када во која била и неговата девојка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни