Поврзете се со нас

Свет

Неспортски сцени во Турција, фудбалер на Адана со топка го удри собирачот на топки (Видео)

Објавено

на

Навистина неспортско видео од натпревар во Турција се појави на социјалните мрежи и со молскавична брзина се шири низ спортските страни.

Имено, фудбалер на Адана Демиспор нервозно реагираше при една ситуација крај аут линијата и со топка го погоди собирачот на топки.

Анил Караер го имаше еден од најнеспортските потези во поново време и сосема заслужено заработи исклучување од главниот судија.

Откако го доби заслужениот црвен картон, Караер му се нафрли и на судијата, а потоа повторно му се врати на момчето кое беше задолжено за собирање на топките.

Дефинитивно фудбалерот ќе заработи казна од Фудбалскиот сојуз на Турција, а овој инцидент потсети на оној од пред неколку години кога Еден Азар удри собирач на топки на натпреварот меѓу Челси и Свонси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни