Поврзете се со нас

Формула 1

Неочекувана доминација на Ферари: Еден-два ефект за Леклер и Саинц во квалификациите во Мексико

Објавено

на

foto: twitter.com/F1

Шарл Леклер освои втора пол-позиција по ред во Формула 1 шампионатот, предводејќи го Ферари до еден-два доминација во квалификациите за трката за ГН на Мексико.

Леклер извозел најбрз круг во третата квалификациска рунда и со предност од 0.067 секунди се најде во поредокот пред клупскиот колега Карлос Саинц, со што италијанскиот тим дојде до изненадувачки позитивен резултат во пресрет на главниот викенд настан.

Шампионот Макс Ферстапен ја заокружи првата тројка, а изненадувањата од квалификациите се заокружени со четвртото место кое го освои Даниел Рикиардо од тимот на Алфа Таури.

Миленикот на домашната публика, Серхио Перез, стигна само до петтото место, а во третиот ред друштво ќе му прави Луис Хамилтон од Мерцедес.

До десеттото место се пласираа Пјастри, Расел, Ботас и Жу, а најголемо разочарување бил Ландо Норис, кој ја обезбедил 19. стартна позиција, но ќе тргне од претпоследниот ред поради казната на Цунода.

Трката во Мексико се вози вечерва од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни