Франција
Нејмар размислува за заминување од ПСЖ по последната изјава на Ал Келаифи

Бразилскиот репрезентативец, Нејмар, сериозно размислувал да стави крај на петгодишната авантура во ПСЖ и ова лето да направи трансфер во некој друг европски клуб.
30 годишниот фудбалер пристигна во главниот град на Франција во 2017 година за рекорден трансфер од 222 милиони евра, но не успеа во намерата да му помогне на ПСЖ да се издигне ниво погоре и да биде сериозен претендент за титулата во Лигата на шампионите.
Сега, според „RMC Sport“, фудбалерот сериозно размислувал да си замине од клубот затоа што чувствувал дека повеќе не е почитуван од целокупната раководна структура на ПСЖ.
Наводно, Нејмар бил разочаран од последната изјава на Насер Ал Келаифи кој одби да отфрли дека фудбалерот би можел да си замине од клубот ова лето притоа посочувајќи дека очекуваат многу повеќе од фудбалерите на ПСЖ.
– Евентуалното заминување на Нејмар Тоа што можам да ви го кажам е дека сите играчи треба да бидат подобри од минатата сезона. Многу подобри. Очигледно не бевме многу добри, -изјави Ал Келаифи.
Инаку, шпанскиот весник „АС“ пишува дек Нејмар е понуден на Јувентус и дека во моментов неговите агенти преговараат со клубот од Торино.
-
Пливањепред 23 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 23 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Репрезентацијапред 15 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)