Поврзете се со нас

Франција

Нејмар и ПСЖ постигнале договор за иднината на Бразилецот

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Француските медиуми одамна најавија дека ПСЖ планира посериозна реконструкција на тимот и ослободување од дел од фудбалерите со најголеми плати, а први на списокот секогаш беа Лионел Меси и Нејмар.

Откако е јасно дека Аргентинецот не планира да остане во Париз, денеска стигна информацијата дека и Нејмар договорил да се раздели со актуелниот француски шампион.

За разлика од Меси, Нејмар има договор со ПСЖ, но двете страни наводно постигнале согласност за крај на соработката, односно продажба на Бразилецот во некој заинтересиран тим.

Најблиску до потписот на Нејмар е Челси, бидејќи сопственикот Тод Боли бил голем фан на Бразилецот и посакува да го доведе во Лондон поради неговата голема популарност на глобално ниво.

Во игра е и враќање во Барселона, но се чини дека Каталонците во моментов не можат да ги исполнат финансиските барања на Нејмар, кој во ПСЖ заработува околу 50 милиони евра годишно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни