Македонија
Неговиот татко играше за „црвено-црните“: Вардар го сака играчот кој ги растури во СЕХА лигата

Екипата на Вардар 1961 го освои Купот на Македонија, но како што стојат работите ќе остане без круната во домашниот шампионат која ако нема изненадувања ќе заврши во Битола.
Меѓутоа што и да се случи, животот продолжува и мора да се размислува за наредната сезона, па така „црвено-црните“ се обидуваат да ги засилат своите редови. Веќе е обезбеден потписот на левото крило Марко Срдановиќ, но како што стојат работите тој нема да биде единствен играч кој ќе слета во Скопје од нашиот северен сосед.
„Моцарт Спорт“ пренесува дека вардарци притискаат да го добијат потписот на Стефан Петриќ на кого му завршува договорот со Партизан. Петриќ е лев бек кој е висок 197 сантиметри, играч кој се прикажа во фантастично издание во дуелот со Вардар кој годинава се одигра во Белград, поточно со 8 гола беше меѓу најзаслужните за славјето на „црно-белите“ од 28-22.
Инаку Стефан е син на Владимир Петриќ кој четири години беше дел од двократниот европски шампион каде и ја заврши кариерата.
Интерес за бекот има и од Порто, ама според „Моцарт Спорт“ има поголеми шанси за негов ангажман.
-
АТПпред 20 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 22 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Реал Мадрид во завршни преговори за засилување од Хетафе
-
АТПпред 21 час
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Светпред 18 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 22 часа
Реал се засили со соиграч на Димитриевски (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
АТПпред 7 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!