Поврзете се со нас

НБА

НБА: Шампионот имаше четири поени предност на десет секунди пред крајот, па доживеа шок од „џезерите“ (Видео)

Објавено

на

Стеф Кари поради повреда на зглобот го пропушти утринскиот меч со Јута Џез, но и покрај тоа, Голден Стејт самиот е виновен што не оствари победа која се чинеше дека ја има во свои раце.

Актуелниот НБА шампион имаше се на својата страна на десет секунди пред крајот на возбудливиот меч, имаше предност од 4 поени, но на крајот успеа се да упропасти и да доживее шок за паметење.

Човекот кој требаше да биде херој се претвори во трагичар, бидејќи по дадената тројка на домашнио тим, Пул загуби топка во следниот напад и Јута комплетираше чудесен пресврт на една секунда пред крајот.

Пул постигна 36 поени и требаше да биде лидер во победата на „воините“, но со својата шеста загубена топка на мечот уништи се што градеше тимот и Голден Стејт го претрпе 13-от сезонски пораз (124:123).

НБА резултати:
Орландо – ЛА Клиперс 116:111 (пр.)
Бруклин – Шарлот 122:116
Њујорк – Атланта 113:89
Торонто – ЛА Лејкерс 126:113
Њу Орлеанс – Детроит 104:98
Чикаго – Вашингтон 115:111
Милвоки – Сакраменто 126:113
Минесота – Индијана 121:115
Мемфис – Оклахома 123:102
Јута – Голден Стејт 124:123
Феникс – Бостон 98:125

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни