Поврзете се со нас

Англија

Навивачите на Арсенал се вратија на „Емирејтс“ и веднаш упатија јасна порака до Артета (Фото)

Објавено

на

Фудбалот во Англија во ковид ерата вчера доби нова димензија откако конечно беше дозволено присуство на фановите на еден стадион.

Имено, 2000 фанови на Арсенал во живо го проследија натпреварот против Рапид Виена одигран во рамките на претпоследното коло од групната фаза во Лига Европа.

И на овој натпревар како и на сите останати од оваа сезона во тимот на Арсенал не беше Месут Озил кој не е регистриран за групната фаза од Лига Европа.

Неговото отсуство не се покажа против Рапид Виена, но истото е евидентно на натпреварите од домашниот шампионат во кои Арсенал мака мачи да стигне до позитивен резултат.

Многу од фудбалските експерти веруваат дека Артета треба да го врати Озил во составот, а младиот стратег на Арсенал доби таква порака и од малкубројната публика на „Емирејтс“ на вчерашниот натпревар.

Имено, еден од навивачите извади транспарент со кој упати директна порака до Микел Артета да го врати Озил во првиот тим.

Навивачот кој седеше во првите редови имаше напишано само: „Врати го назад Месут“ алудирајќи на тоа дека Озил треба да биде вметнат во тимот на Арсенал.

Германецот формата ја одржува само со тренинзите со првиот тим на клубот и во неколку наврати потенцираше дека е подготвен да му се стави на располагање на Микел Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни