Поврзете се со нас

Италија

Наполи договори ангажман на фудбалер од Тотенхем

Објавено

на

Откако постигнаа договор за ангажман на Џовани Симеоне, од таборот на Наполи се многу блиску до ангажман на уште едно засилување.

Овојпат играчот би пристигнал од Премиер лигата и доколку се биде во ред тој треба да биде претставен во клубот веќе следната недела.

Станува збор за фудбалерот на Тотенхем кој е меѓу „отпишаните“ од Антонио Конте, Тангуј Ендомбеле.

Двата клуба постигнале договор за едногодишна позајмица за Ендомбеле со право на целосен откуп на неговиот договор.

За комплетирање на трансферот, спортскиот директор на Наполи, Гинтоли треба да се состане со агентите на Ендомбеле во Париз каде би ги решиле прашањата околу личните примања на фудбалерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни