Поврзете се со нас

АТП

Напад од легендата: Навратилова не го прифаќа извинувањето на Ѓоковиќ поради една причина

Објавено

на

Тениските легенди се уверени дека Новак Ѓоковиќ беше оправдано дисквалификуван од организаторите на Ју-Ес Опен, а без оглед на тоа што веќе почнаа да се играат четвртфиналните дуели, очите на јавноста се уште се вперени во нереалниот инцидент кој го предизвика Србинот.

Светскиот рекет број еден ја удри со топче линиската судијка на мечот, но без оглед на тоа што немаше никаква намера да го направи тоа, протоколот и правилата налагаат дека следи дисквалификација за играчот во таква ситуација. Организаторите по неколкуминутни преговори му соопштија на Новак дека службено го губи мечот со Карењо Буста, ситуација која кулминираше со дополнителна казна за Србинот поради тоа што не се појави на задолжителниот прес.

Ноле заработи казна од 20 илајди долари за непојавувањето на средбата со новинарите, а за тоа сега доби голема забелешка од поранешната најдобра светска тенисерка, Мартина Навратилова.

– Точно е дека направи грешка во милисекунда, но потоа имаше време да размисли што направи, а тој избега. Тој не собра храброст да се соочи со новинарите и да објасни што направи.

– Потоа следеше извинување кое всушност и не може да се смета за извинување. Жал му е што го направи тоа, но требаше да остане и да зборува со новинарите, а не да избега од комплексот. За мене, неговата реакција беше слична на момче кое раскинува со девојката преку мејл, – заклучи легендарната Навратилова која има освоено 18 грен слем титули и важи за една од најдобрите тенисерки во историјата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни