Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман потврди „втор случај Алаба“ во Баерн: Едвај чекам да видам кој клуб ќе го избере

Објавено

на

Баерн Минхен го чека дерби пресметка против Лајпциг претстојниот викенд и ќе биде интересно да се види каков ќе биде одговорот на теренот по двонеделната пауза, за време на која стана јасно дека баварскиот великан ќе се соочи со „втор случај“ Давид Алаба.

Германскиот првак спречи такво сценарио со Французинот Коман кој пред извесно време стави потпис на долгорочен договор, но уште отсега е јасно дека вториот играч кој ќе си замине гратис во период од 12 месеци и уште еден стопер.

По Давид Алаба, Баерн нема да добие никаква отштета ниту за Никлас Зиле, кој решил да стави крај на својата етапа во клубот по крајот на оваа сезона, за што се известени и тренерот Нагелсман и сите одоговорни луѓе во клубот.

Баерн веќе нема да преговара со фудбалерот кој е сигурен стартер во првиот тим на Нагелсман, а тренерот призна дека е разочаран од одлуката на 26-годишниот дефанзивец.

– Виситна е, Зиле нема да го продолжи договорот. Тој ми ги посочи причините во личен разговор и нема да ги откривам во јавноста. Во ред сум со тоа, иако сум разочаран бидејќи сакав да остане. Таков е фудбалот, играчите кои ги сакате, некогаш бираат друг пат и си одат. Верувајте дека сум љубопитен како вас. Едвај чекам да видам кој клуб ќе го избере претстојново лето, – вели Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни