Поврзете се со нас

АТП

Надал „уловен“ како го анализира Реал со главниот судија пред финалето во Барселона: Катастрофа…. (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надаел е огромен фан на Реал Мадрид и ги следи сите натпревари на „кралскиот клуб“, но сега дознавме дека голем симпатизер на шпанскиот великан е и еден од најдобрите тениски судии.

Мохамед Лајани започна интересна конверзација со Рафа пред големото финале на турнирот во Барселона, разговор кој сега ни го долови телевизјата „Мовистар“ која открива дека судијата и новиот шампион на Барселона направија кратка анализа за Реал Мадрид.

Реал Мадрид загуби два бода во битката за титулата со ремито против Бетис, по што двајцата заклучија дека на овој тим на Реал му недостасуваат повеќе работи.

Лајани: 0:0. Повторно загубивме два бода.

Надал: Катастрофа, заврши Ла Лига за нас.

Лајани: Само Лига на шампиони, само Лига на шампиони. Катастрофа, потребен ни е голгетер.

Надал: Потребни ни се повеќе работи.

Ова дефинитивно е една од најчудните увертири на едно тениско финале на голем турнир, бидејќи Рафа во продолжение играше речиси четири часа и го скрши отпорот на Стефанос Циципас кој се покажа како фантастичен ривал во завршниот меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни