Поврзете се со нас

АТП

Надал и Федерер во ист тим: Кој ќе го резервира теренот?

Објавено

на

И додека се уште се зборува за триумфот на Рафаел Надал на Австралија Опен, организаторите на „Лејвер Купот“ соопштија дека Тимот Европа ќе биде претставуван од Шпанецот и Рожер Федерер.

Ова секако ги израдува сите вистински тениски фанови кои сакаат да ги видат овие двајца великани на терените под услов се да биде како што треба. Ваквата вест беше повод за Рафа да му испрати порака на стариот ривал на социјалните мрежи.

-Рожер, кој ќе го резервира теренот за тренинг? Ти или јас? Се радувам што повторно ќе играм со теме кој пријателе, -напиша Надал.

„Лејвер Купот“ се игра од 23 до 25 септември во Лондон, а тоа значи дека дотогаш можат да се случат многу работи, а воедно ќе видиме и како ќе оди закрепнувањето на Федерер кој веќе подолго време е надвор од терените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни