Поврзете се со нас

АТП

Надал експресно се огласи и му ја честиташе титулата на Алкарас (ФОТО)

Објавено

на

Карлос Алкарас го совлада Новак Ѓоковиќ и за прв пат во својата кариера дојде до пехарот на Вимблдон.

Шпанскиот рекет иако на хартија важеше за аутсајдер покажа дека знае многу добро да се снајде и на тревна подлога, па по пет сета и по скоро пет часа борба издвојува триумф од 3-2 и на тој начин ја прекина доминацијата на Ѓоковиќ на овој турнир.

Неговиот сонардоник Рафаел Надал поради повреда го скокна овој грен слем, но внимателно го следел ова финале и доказ за тоа експресната реакција, честитка која ја упати на социјалните мрежи.

-Честитки Алкарас. Ни даде неизмерна радост денеска и сигурен сум дека за тебе навиваше и пионерот на шпанскиот тенис Маноло Сантана на кого од денеска му се приклучи на Вимблдон. Многу силна прегратка и уживај во моментот, шампион, -порача Надал на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни