Поврзете се со нас

Олимписки игри

Начевски и Николов беа сведоци на ракометна и олимписка историја од страна на Хансен (Фото)

Објавено

на

Најдобрата македонска судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ја делеше правдата на натперварот меѓу Данска и Португалија на Олимписките игри, при што нашите ценети арбитри сведочеа на ракометна и олимписка историја, истата режирана од Микел Хансен.

Неповторливот дански „бомбардер“ ја водеше својата селекција до уште една победа на турнирот во Токио, па сега Данците имаат 15 последователни победи на големите турнир, вклучувајќи го последното Европско и Светско првенство.

Хансен беше несопирлив за Португалците и постигна девет погодоци во победата од 34:28, но четвртиот кој го постигна беше историски бидејќи со истиот стана најдобар голгетер во историјата на Олимписките игри.

Македонските судии беа сведоци на овој момент како присутни на теренот, а до крајот на мечот, Микел само го подобри рекордот кој сега е во негов посед.

Со деветте гола, Хансен стигна до 133 погодоци на Олимписките игри, оставајќи го зад себе на вечната листа рекордерот Кјунг Шин кој има 127, како и легендарниот Талант Душебаев кој е на третото место со 123 погодоци. Инаку, за Данска ова беше четврта победа на турнирот, а следен противник за нив ќе биде селекцијата на Шведска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни