Поврзете се со нас

КОШАРКА

МЗТ Скопје сигурен против Кожув

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје оствари сигурна победа над Кожув од 87-67 во средбата од 20. коло во првата македонска кошаркарска лига.

Ова за актуелниот првак беше 18. сезонско славје, а до истото дојде откако беше подобар во три од четирите четвртини од вечерашниот противник. „Металците“ имаа плус 10 на паузата (38-28) по што следуваше одличен трет период во кој фаворитит ја зголеми предноста на 24 по што стана јасно дека нема да има никакво изненадување во „Јане Сандански“.

Робев со 14 поени беше прв стрелец, Вер уфрли 13, Крстевски 12, а Војдан 11 кошеви. Братож кај гостите беше автор на 16 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни