Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ Скопје и Работнички ќе одиграат по три натпревари во вториот „балон“ во АБА2 лигата

Објавено

на

Тоа што се најавуваше доби официјална потврда од АБА лигата, вториот „балон“ од второлигашкото натпреварување ќе се одржи во Бања Лука.

Турнирот ќе се одржи во периодот од 18. до 24. јануари, а на истиот нашите претставници МЗТ Скопје и Работнички сепак нема да се соочат како што се мислеше затоа што само ќе се одиграат три кола.

Со оглед на тоа што битката МЗТ-Работнички на распоредот е во осмото коло, ова значи дека вечните скопски ривали ќе ги одмерат ситете дури во третиот „балон“ за кој допрва ќе се разговара и треба да се одреди место и време.

Како и да ова значи дека „металците“ во Бања Лука ќе играат против Хелиос, Слобода и Студенски Центар, додека за центарци ќе имаат мечеви со Младост, Спарс и Горица,

На првиот турнир во Златибор, избраниците на Кочов запишаа три победи и еден пораз, учинокот на момците на Мираковски беше две победи и два порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни