Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ Скопје го враќа Бојиќ во „Јане Сандански“

Објавено

на

Македонскиот шампион МЗТ Скопје го составува тимот за наредната натпреварувачка сезона, а дел од истиот може да биде центарот Андрија Бојиќ.

Бојиќ е добро познато име во „Јане Сандански“ со оглед на тоа што претходните години играше во МЗТ Скопје, па според специјализираниот сајт за кошарка „Спортандо“ постојат шанси тоа да се случи и во кампањата 2020/2021.

Андрија минатата сезона ја мина во Романија во Волунтари, но со оглед на тоа што е македонски зет и има и дете со актерката Јана Стојановска тогаш станува се појасно оти големи се шансите одново да го облече дресот на „штрковите“ од Аеродром.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни