Поврзете се со нас

Репрезентација

Муслиу: Знаеме што ни е потребно за да ги освоиме трите бода

Објавено

на

Македонската репрезентација во петок ги продолжува натпреварите од квалификациите за Светското првенство во Катар, а наш ривал е селекцијата на Лихтенштајн.

Таа средба се игра во Вадуц во вечерниот термин од 20:45 часот и во истата ние ќе влеземе како фаворити. Трите бода ни се повеќе од непходни за да ја продолжиме трката, сонот за пласман на мундијалот, победа која секако би била одлична најава пред дуелот со Германија во Скопје.

-На хартија ние сме фаворити, но тоа треба да го покажеме и на теренот во Вадуц. Знаеме добро што ни е потребно за освојување на трите бодови, а исто така знаеме колку е важен овој натпревар. Се надевам дека играта и резултатот ќе бидат на наша страна. Треба да бидеме подобри во реализацијата, но и да не примиме гол, -истакна дефанзивецот Висар Муслиу.

„Црвено-жолтите“ по шест одиграни кола се на 4 место во групата Ј со 9 освоени бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни