Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо со урнебесна фото-вест го заокружи гостувањето во Скопје: Мислев дека сум пораснал (Фото)

Објавено

на

Жозе Мурињо бил приморан да алармира кај делегатите на УЕФА дека головите на националната арена „Тодор Проески“ не се по пропишаните стандарди во европските натпреварувања, по што одговорните луѓе брзо реагирале и истите биле заменети со нови пред стартот на мечот.

На крајот, Тотенхем славеше со 1:3 против Шкендија и се пласираше во наредната рунда во Лига Европа, но португалскиот стручњак сигурно ќе има по што да го памети своето второ гостување во Скопје, бидејќи самиот реши да го овековечи истото со урнебесна фотографија.

Мурињо е сликан пред голот кој голманите му укажале дека е неколку сантиметри понизок од стандардните, па го искористи овој момент за да се пошегува на своја сметка.

– Мислев дека сум пораснал, но тогаш сфатив дека голот е 5 сантиметри понизок. Шкендија 1 Тотенхем 3, – напиша Жозе на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни