Поврзете се со нас

Лига Европа

Мурињо со посебни зборови за противникот: Игра фудбал од љубов, а не за некое евро плус (Фото)

Објавено

на

Дербито на вечерта во Лигата на Европа се одигра на „Олимпико“ и силите ги одмерија Рома и Бетис, натпревар на кој како поуспешни на крајот се покажаа гостите од Шпанија.

Жозе Мурињо посочи дека играчите на Бетис победиле благодарение на своите технички квалитети, но смета дека неговата Рома заслужила најмалку бод во дуелот на кој имаше една специјална средба со Хоакин Санчес.

Капитенот на Бетис игра фудбал на 41 година и пишува историја во Лига Европа со своите настапи оваа сезона, па Мурињо призна дека има посебен респект за легендарното крило, со кое имаше и емотивна прегратка кога Хоакин излезе од игра.

– Ако некој го гледа од страна за првпат, нема да помисли дека има 41 година. Вакви играчи како него и како Ибрахимовиќ, кои продолжуваат да играат на оваа возраст, го прават тоа од љубов кон фудбалот.

– Не се работи за пари, ниту за некое евро плус, игра од чиста љубов кон фудбалот. Затоа многу го почитувам, – изјави Мурињо.

– Што се однесува до мечот, Бетис беше технички попоткован од нас, особено во првото полувреме. Станува збор за силен тим кој не стави во проблеми, но ние создадовме повеќе шанси од нив. Сметам дека реми ќе беше најреално, – додаде Жозе по поразот од 1:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни