Поврзете се со нас

Италија

Мурињо може да се соочи со Интер уште во четвртфиналето на италијанскиот куп

Објавено

на

Италијанската фудбалска федерација денеска ги одреди паровите за целата натпреварувачка сезона во Копа Италија, а фаворитите својот настап ќе го започнат во осминафиналната рунда.

Жозе Мурињо кој ја презема Рома ќе може да се соочи со „својот“ Интер во четвртфиналето, а за таа цел претходно ќе треба да победат еден противник во осминафиналето.

Рома ќе го добие својот противник од екипи како Специја, Парма и Лече, додека можен противник на Интер е Верона.

Актуелниот освојувач Јувентус во четвртфиналето налетува на Сасуоло, Наполи како можен противник ја има Аталанта, а тимот на нашиот Елиф Елмас претходно може да се соочи и со реновираната Фиорентина.

Милан би играл против Лацио ако двете екипи го минат осминафиналето, а подобриот од овој дуел, во четвртфиналето ќе игра против победникот од мечот Рома-Интер.

Јувентус-Сасуоло и Наполи-Аталанта се двојки кои се во другиот дел од натпреварувачкиот формат, а финалето е закажано на 11. мај 2022 година.

Џенова ќе мора да ги започне настапите уште во втората фаза, најпрвин против победникот од мечот Перуџа-Судтирол, а потоа против подобриот од дуелт меѓу Салернитана и Реџина. По овие две фази „наградата“ е пресметка со Милан во осминафиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни