Поврзете се со нас

Италија

Мурињо ја потврди желбата на Ѕаниоло, но изнесе и свој став: Побара да си замине, ама…

Објавено

на

Стратегот на Рома, Жозе Мурињо по победата над Специја од 2:0 потврди дека Николо Ѕаниоло побарал од клубот да си замине во јануарскиот преоден рок.

Португалскиот стратег ги потврди шпекулациите кои се појавија во јавноста дека играчот е пред заминување од „Олимпико“, но истакна дека тоа нема да се случи по секоја цена.

– Николо Ѕаниоло побара да си замине од клубот, но не сум сигурен дека тоа ќе се случи. Моменталните понуди не се доволни.

– Ни треба добра понуда за да го пуштиме Ѕаниоло да си оди, а досега не сме примиле таква. Моето чувство е дека на крајот, тој сепак ќе остане, -изјави Жозе Мурињо.

За фудбалерот од средниот ред со офанзивни карактеристики интерес има од Тотенхем, кој сепак не сака да ги исплати бараните 40 милиони евра од Рома и наместо тоа го бара играчот првично на позајмица, со право на целосен откуп на неговиот договор, понуда која како што потврди и Мурињо не е доволна за „волчицата“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни