Поврзете се со нас

ВТА

Муратоглу: Серена сака да игра на Ју-Ес Опен, ама…

Објавено

на

Големата грен слем шампионка, Серена Вилијамс би сакала да учествува и да се натпреварува на овогодинешното издание на Ју-Ес Опен, ама се уште нема донесено официјална одлука за тоа.

Ова го тврди тренерот на Американката, Патрик Муратоглу кој смета дека желбата на неговата клиентка за натпреварување е голема, меѓутоа допрва треба да разговара на оваа тема со оглед на правилата, рестрикции кои се најавуваат за турнирот во Њујорк поради коронавирусот.

-Таа дефинитивно му се врати во тенисот за да триумфира на грен слем турнирите, тоа е нејзината цел. За играч да биде надвор од конкуренција е исклучително тешко. Така, Ју-Ес Опен ќе биде прва можност да победи. Ќе има многу ограничувања и морам да разговарам со неа за да видам дали таа ќе може да ги прифати и управува со тие очекувања, -вели Муратоглу.

Турнирот треба да започне на 31 август, но веќе голем број на познати имиња како Надал, Ѓоковиќ, Кирјос, Халеп најавија дека може да не учествуваат со оглед на сите ограничувња и правила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни