Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Морено по херојската победа во Торино: Знаевме дека можеме да победиме, покажавме дека знаеме да се носиме со најдобрите

Објавено

на

Екипата на Вилјареал креираше сензација и го елиминираше тимот на Јувентус откако сред Торино славеше со убедливи 3:0.

Одличниот напаѓач на „жолтата подморница“ Џерард Морено беше креатор на првиот погодок кој го постигна од белата точка, погодок со кој тргна падот на Јувентус на овој натпревар.

Подоцна Вилјареал преку Пау Торес и Данхума постигна уште два гола и дојде до резултат кој ни најголемите фанови на клубот не го очекуваа.

Морено истакна дека во клубот верувале дека можат да го победат Јувентус иако станува збор за одличен тим, а посочи дека бил сигурен дека ќе ја затресе мрежата на Шчесни иако го утнал последниот пенал кој го шутирал.

– Знаевме дека можеме да победиме тука против одличен тим на овој прекрасен стадион. Беше тежок, изедначен натпревар. Откако дојдовме до предност, јасно беше дека сме многу порастеретени.

– Многупати покажувавме дека можеме да се натпреваруваме со најдобрите на највисоко ниво, без оглед на тоа кој е на теренот.

– Всушност го промашив последниот пенал кој го шутирав, но имав поддршка од сите и знаев дека ќе погодам. Никогаш не се сомневав, -изјави Морено.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни