Поврзете се со нас

Светски првенства

Модриќ со измешани чувства по поразот: Испрати тешки зборови за Орсато, па му се „поклони“ на Меси

Објавено

на

Лука Модриќ дал неколку интервјуа по крајот на натпреварот меѓу Хрватска и Аргентина во полуфиналето на Светското првенство, па иако обично е максимално мирен и не говори за судиите, овојпат бил навистина жестоко нападен кон Даниеле Орсато.

Хрватскиот капитен смета дека италијанскиот арбитар директно влијаел на случувањата во првото полувреме со двете погрешни одлуки во период од неколку секунди, но и покрај тоа, на крајот заклучил дека победата која ја оствари Аргентина не може да се оспори и испратил убави зборови на сметка на Меси.

– За жал претрпевме пораз и мора да му честитаме на противникот. Ако се гледа реално цел меч, тие заслужија да бидат во финалето. Беа подобри, иако тешко е да се коментира кога сте „жежок“ после ваков натпревар.

– Првиот гол не беше пенал. Во акцијата пред пеналот требаше да досуди корнер за нас. После тоа, веднаш досуди непостоечки пенал. За мене тоа е непостоечки пенал и тоа не уби. Не сакам да зборувам за судиите, но овој е еден од најлошите. Немам добри спомени од него и беше вистинска катастрофа. И покрај се, не смее да одземеме заслуги за победата на Аргентина. Сега треба да се опоравиме и да се избориме за третото место.

– Меси? Му посакувам се најдобро во финалето. Тој е еден од најголемите и му ја посакувам цела среќа во финалето, – изјавил Модриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни