Европски првенства
Митревски: Не се посрамотивме, имаме ограничен фонд на квалитетни играчи

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов
Никола Митревски подоцна и се приклучи на репрезентацијата на ова Европско првенство поради позитивниот тест на Ковид непосредно пред тргање кон Дебрецин, но првиот голман на најсилната ракометна селекција нагласи дека тоа не бил единствениот пех со кој се соочил селекторот Кирил Лазаров.
Митревски имаше извонредно отворање на денешниот меч со Данска кој подоцна го загубивме со убедливи 31:21, но и покрај високиот пораз, Никола најде позитивни работи од ова Европско првенство кое го завршиме со биланс од три порази на три натпревари.
Голманот на Порто смета дека отсуството на четворица стартери е преголем удар за било која селекција во светот, но особено за оваа македонската која се наоѓа во процес на транзиција, во кој секој играч е важен за тимот.
– Не бев само јас пехот, голем пех добивме уште пред два месеци кога тешко се повреди Манасков. После останавме без Никола Марковски кој е наш столб во одбраната, а потоа се повреди и Кире Лазаров пред првиот меч. Јас бев позитивен и немавме четворица стартери уште на почетокот. Кога јас се вратив, Столе беше позитивен.
– Четири клучни отсуство е голем удар за било која селекција, а уште повеќе за нас кога имаме ограничен фонд на играчи. Сметам дека не се посрамотивме, добивме искуство, добивме млади деца. Овие млади играчи добија искуство кое ќе им служи во продолжение од кариерите. Се надеваме дека со нив ќе го продолжиме континуитетот со настапи на големите натпреварувања.
– Не продолжуваме во наредната рунда, но веќе со мислите сме на баражот за СП, тоа што следува понатаму. Реалноста е дека имаме ограничен број на квалитетни играчи, мал број на играчи кои имаат голема минутажа во важни клубови. Ова е природен процес, секоја селекција се соочува со криза кога има промена на генерации, ние имаме ограничен фонд и немаме доволно квалитетни играчи. Кај нас играта зависи од секој играч, а на овој турнир игравме без најдобриот десен бек на сите времиња што е Кирил Лазаров и без најдоброто лево крило што е Манасков, – порача Митревски.
-
Англијапред 5 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 15 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 14 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Шпанијапред 12 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Македонијапред 2 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Евролигапред 24 часа
Мициќ му донесе нова европска титула на Анадолу Ефес, па повторно запеа (ВИДЕО)
-
Светпред 11 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 10 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!