Поврзете се со нас

Македонија

Мирољубиво реми во градското дерби, Дембо Дарбо повторно го обележа колото во ПМФЛ

Објавено

на

Фудбалерите на Вардар и Работнички одиграа мирољубиво реми без голови во дерби пресметката во 15. коло од македонскиот шампионат.

На националната арена „Тодор Проевски“ не видовме многу допадлив фудбал, а фудбалерите на двете екипи реализираа само неколку шанси кои можеа да се окарактеризираат како посериозни.

Најголемите прилики за погодок дојдоа во самиот финиш на натпреварот кога Филип Петковски со глава биеше покрај стативата на голот на Јанков, додека на спротивната страна Стојков биеше директно во Филип Илиќ. На крајот двата тима ги поделија бодовите и ги задржаа позициите на првенствената табела.

Ова коло во ПМФЛ повторно беше обележано од напаѓачот на Шкупи, Дембо Дарбо кој постигна хет-трик на натпреварот против Пелистер и му помогна на својот тим да стигне до убедлива победа од 3:1 на гостувањето во Битола.

Со ист резултат славеше и Македонија Ѓорче Петров против Беласица, а бодовите ги поделија Ренова и Силекс (0:0), односно Струга Трим Лум и Академија Пандев (1:1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни