Поврзете се со нас

Македонија

Мини-олимпијада во Велес за време на првиот јунски викенд!

Објавено

на

Околу 400 спортисти од Македонија ќе бидат учесници на првите „Спортски велешки игри“ под покровителство на Атлантис Инвест Груп. Игрите ќе траат четири дена, а спортистите, од кои поголем дел активни, ќе се натпреваруваат во мал фудбал, одбојка на песок, баскет и тенис. Настанот ќе се случува на спортските терени на Градскиот парк.

– Почуствувавме дека на Велес му недостасуваа спортски настани. Градот е со богата спортска традиција, сака да се врати на старите спортски патеки. Идејата за настанот ја ставивме на хартија, ја промовиравме пред Општината и како и што очекувавме, наиде на одобрување. Пред околу еден месец започнаа првите подготовки. Идејата ја препозна и компанијата Атлантис Инвест груп, која комплетно застана зад игрите и затоа тие и се насловени по името на генералниот покровител,- велат организаторите од „Евентиве“.

За прв пат во Велес ќе се игра баскет на специјална подлога. За добар натпревар неопходен е добар терен, затоа и организаторот очекува специјалната подлога да биде дополнителна причина за пријавување на повеќе екипи. Обновени се и останатите спортски терени.

– Досега за учество пријавени се 14 екипи во мал фудбал, за баскет натпреварите пријавени се 15 екипи, одбојка на песок 40 , 35-мина засега се пријавени за тенис натпревари. На оваа бројка на учесници треба да се додадат и учесниците во саботниот натпревар „bench press & deadlift“, велат од „Евентиве“.

Вкупниот фонд на награди е 450 илјади денари. Спортските игри се поддржани од Општина Велес, а главен покровител е Атлантис Инвест Груп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни