Поврзете се со нас

Италија

Милито го нападна Лукаку: Направи нешто што никако не смее да се направи во фудбалот

Објавено

на

Диего Милито своите најѕвездени моменти ги доживеа во италијанската Серија А како член на Интер, каде се претвори во вистински херој во сезоната во која тимот предводен од Жозе Мурињо ја освои таканаречена триплета.

Аргентинскиот напаѓач е симбол за легенда во делот од градот Милано кој е обоен во „сино-црно“, па со оглед на статусот кој го ужива на „Џузепе Меаца“, си даде за право да го искритикува играчот кој најмногу го разочарал ова лето.

Милито верува дека Интер има добра иднина со Симоне Инѕаги како тренер, но во обраќањето за „Газета“, не пропушти да го нападне Ромелу Лукаку за начинот на кој го изневери клубот кој му даде шанса да си ја врати кариерата на вистински пат.

Лукаку на почетокот на летото тврдеше дека ќе остане во Интер, но неполни два месеци подоцна, направи сензационален трансфер во Челси и режираше кам-бек на „Стемфорд Бриџ“.

– Лукаку направи нешто што не смее да се направи никогаш во фудбалот. Да ветите нешто што не можете да го исполните. Може да се случи играч како него да реши да си замине, но фановите и сите во Интер се разочарани од него поради изјавите кои ги даде на почетокот на летото, – вели Милито.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни