Поврзете се со нас

Италија

Милан потврди дека Пиоли добил нов двегодишен договор

Објавено

на

Милан ја заокружи победата над Сасуоло со официјалната информација дека тренерот Стефано Пиоли добил продолжување на договорот за две години, односно до 2022 година.

Ова е целосен пресврт во однос на досегашните најави, па Милан најпрвин објави дека најавеното преземање на тренерската функција од Ралф Рангник нема да се случи, а по крајот на средбата го потврди останувањето на актуелниот тренер.

– Ова не е одлука базирана на последните победи, туку на она што Пиоли го направи за да изгради еден клупски дух и обединување и ги подобри перформансите на фудбалерите и колективот, – вели Извршниот директор, Иван Газидис.

Добрите резултати на „росонерите“ последниот период дефинитивно му помогнаа на Пиоли кој доби поддршка и од Ибрахимовиќ и Чалханоглу, а Рангник сепак нема да ги добие големите менаџерски овластувања иако имаше преддоговор со италијанскиот клуб.

Германецот беше причината за кавгата меѓу раководството и Звонимир Бобан кој одамна остана без директорската позиција, но се чини дека најновото решение ќе го задржи барем Паоло Малдини во својата актуелна улога.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни