Поврзете се со нас

Боречки спортови

Мила Рељиќ е eвропска шампионка

Објавено

на

Нашата натпреварувачка Милијана Рељиќ (19г) со 4 победи се избори за златен медал на Европското Клубско Првенство што се одржуваше од 22-26 август во Талин, Естонија.
Имено во првото коло Мила ја победи Франческа Куомо (Италија) со 2:0 во рунди, во второто коло победивме над Марија Лабузова (Украина) исто така со 2:0 во добиени рунди. Во полифаналните борба ја победивме Надине Махмуд (Египет) која тренир во европски клуб. Надине која е бронзена од последното Африканско Првенство ја победивме со 2:1 во рунди, по изгубената прва рунда, Мила направи целосен пресврт во втората рунда, а во третата решавачка рунда ја добивме со технички нокаут од 12:0 во поени.
Во финалната борба Мел Мина (Еквадор) која тренира во шпанскиот клуб Тороса, ја предаде борбата поради повреда добиена во другото полуфинале каде ја победи извонредната белгијка Сара Чари. Имено, Мила Рељиќ ја победи Мел Мина пред две недели во финалната борба на Изреал Г2 Опен со 2:0 во рунди.
Извонредната форма на Мила Рељич под водство на тренерот Александар Ефтимов вродија со овој извонреден историски медал. Со овие два златни медали во месец август очекуваме Мила да добие висок пласман на светската и олимписката ранг листа, и се надеваме на голем успех и на светското првенство во ноември месец во Мексико.
Покрај младата Мила, денеска и нашиот олимписки вицешамион Дејан Георгиевски освои златен медал во својата категорија сениори +87кг, декласирајќи ги своите противници.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни