Поврзете се со нас

Формула 1

Мик Шумахер и неговиот тимски колега приредија циркус на Силверстоун на два круга пред крајот (Видео)

Објавено

на

Во текот на денешниот ден се возеше и трката во Формула 2 на патеката Силверстоун, но наспроти возбудувањата во „најбрзиот циркус“, мора да се напомене дека возачите на ПРЕМА Рејсинг тимот се погрижија за далеку поинтересна завршница во послабата категорија.

Наместо еден-два победа за ПРЕМА Рејсинг, Мик Шумахер и Роберт Шварцман се погрижија за вистински колапс на два круга пред крајот, и тоа во ситуација кога наследникот на легендарниот Михаел се обидуваше да дојде до првата позиција.

Во дадениот случај, младиот Шумахер прерано го затвори аголот и се удри со својот тимски колега, кој во дадената ситуација го извлече најдебелиот крај, односно заврши дури на 13-то место.

Мик кој беше посочен како виновник за инцидентот остана на второто место и се избори за пиедестал на Силверстоун, додека ни крив ни должен, денешен победник беше Јуки Цунода, за кого ова беше прв триумф во Формула 2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни