Поврзете се со нас

Македонија

„Металурзите“ не можат да кренат глава од коронавирусот: Нов целосен карантин за тимот од Автокоманда

Објавено

на

Металург веќе одработи комплетен карантин како тим поради позитивните случаи на коронавирус, но оваа вечер приситгна информација дека составот од Автокоманда одново е „прекомандуван“ во домашна изолација и ќе биде во „аут“ уште две седмици.

Ковид 19 повторно го нападна тимот од Скопје, па откако ова попладне било утврдено дека има два нови позитивни членови на коронавирус, протоколите велат дека сите играчи повторно заминуваат во карантинска пауза.

Двата позитивни резултати биле јасен сигнал за издавање на нови решенија за задолжителен карантин до 16-ти декември, што значи дека Металург повторно ќе биде причина за одложување на нови натпревари во европските натпреварувања.

„Металурзите“ имаа закажано две пресметки со Чеховски Медведи за враќање во форма на 8 и 11-ти декември, но сега овие термини пропаѓаат во вода и ќе мора да се прави целосно нов распоред за одигрување на заостанатите натпревари, како и оние што претстојат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни