Поврзете се со нас

Македонија

Металург во Маврово ќе ја одработи третата фаза од подготовките за новата сезона

Објавено

на

Поранешниот македонски шампион, Металург замина за Маврово каде ќе ја одработи третата фаза од подготовките за новата сезона.

Клубот од Автокоманда следните десет дена ќе ги мине во Маврово каде освен на кондициска подготовка ќе се работи на воигрување на тимот на напаѓачките и одбранбените формации.

Откако ќе ја завршат оваа фаза избраниците на Зоран Кастровиќ ќе настапат на турнирот во Струга, додека пак првиот официјален тест или новата сезона за нив ќе започне со дуелот против Спачва од Винковци од квалификациите за пласман во групната фаза на Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни