Поврзете се со нас

Европски купови

Металург и Бутел ги добија ривалите за првото коло во ЛЕ

Објавено

на

Македонските ракометни прволигаши Металург и Бутел ги добија ривалите за првото квалификациско коло за пласман во групната фаза на Лигата на Европа.

Двата македонски тима беа во ист шешир и не можеа меѓусебно да играат, па така Металург за противник го доби составот на Спачва од Хрватска, додека пак Бутел ќе излезе на мегдан со унгарскиот претставник Ѓенѓеш.

Првите средби се закажани за 29/30 август, додека реваншите се една недела подоцна. Да потсетиме до групната фаза може да се стигне ако се минат две квалификациски кола со тоа што веќе во тој главен дел како наш претставник во имаме Еурофарм Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни