Поврзете се со нас

Шпанија

Меси го издрибла Столе, изведе минијатура, па изрежира несекојдневно промашување (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси денеска имаше навистина интересна пресметка со македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, бидејќи во Куп дуелот против Рајо Валјекано најпрво ја погоди гредата, потоа постигна гол со кој го најави пресвртот на Барселона, а за крај понуди и еден слалом во кој сепак не излезе како конечен победник.

Капитенот на Барселона можеше да се радува поради тоа што Барселона со пресврт славеше на гостувањето кај второлигашот со 1:2, но во 90-та минута самиот си ја упропасти минијатурата која самиот ја изрежира по додавањето на Педри.

Меси успеа да го издрибла Димитриевски, со ист потег го мина и вториот ривал од Рајо, но на крајот се предрибла и себеси бидејќи не успеа да ја смести топката во мрежата што ќе значеше втор гол за него и победа од 1:3.

Вакви промашување се навистина ретки во кариерата на аргентинскиот мајстор, кој сепак успеа да го реши овој незгоден Куп натпревар со погодокот за 1:1, а потоа и со отворање на акцијата за 1:2 во која Де Јонг беше стрелец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни