Поврзете се со нас

Англија

Мертесакер со чудно и помалку бизарно оправдување за лошите партии на Озил: Сега фокусот му е на друго место..

Објавено

на

Англиските медиуми пишуваат дека Микел Артета му подготвува уште еден удар на Месут Озил затоа што планира да го отстрани играчот и од тимот за натпреварите во Премиер лигата.

Германецот испадна од составот за дуелите во Лига Европа, но се уште е активен во составот од 25 играчи за домашниот шампионат. Сепак, Артета планира да го прецрта и од тука со што и официјално ќе му даде дознаење дека воопшто не смета на него.

Озил игра катастрофално кога и да добие шанса, па токму затоа од клубот се одлучија да го оддалечат играчот од ростерот.

Поранешниот играч на Арсенал и добар пријател на Месут Озил, Пер Мертесакер даде помалку бизарно оправдување за слабите настапи на неговиот некогашен соиграч.

– Многу работи му се сменија надвор од теренот. Се ожени, оформи семејство…можеби фокусот сега му се променил и затоа игра послабо. Како и да е, мислам дека се уште е среќен за да игра фудбал. Тој е единствениот играч со кого сум играч на три места, во Бремен, Арсенал и во репрезентацијата на Германија, па затоа жал ми е што се наоѓа во оваа ситуација, -изјави Мертесакер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни