Поврзете се со нас

АТП

Медведев му се поклони на Надал: Рафа се опишува само со еден збор

Објавено

на

Данил Медведев минатата година ја освои својата прва грен слем титула во кариерата, па сега на претстојниот Ју-Ес Опен ќе настапи како бранител на тронот и еден од главните фаворите за трофејот.

По принудната пауза која ја имаше на Вимблдон, Русинот се враќа во акција за предизвиците кои ги носат турнирите во Америка, а пред да се насочи на новите предизвици, се потсети на тешките порази кои ги претрпе од Рафаел Надал во двете финалиња.

Во својата прва шанса за грен слем титула, Медведев загуби од Надал во Њујорк, а оваа година во Австралија пропушти „добиен меч“ и му овозможи на Надал да стигне до својата 21-ва грен слем титула. Подоцна, во Париз Надал стигна и до 22-та грен слем титула, но и покрај тешките и незаборавни порази, Данил има само добри зборови за „кралот на земјата“.

– За да го идентификувате Рафа, потребен ви е само еден збор. Тоа е зборот неверојатно.

– Тој е неверојатен борец, неверојатен воин и неверојатна личност со страшна ментална сила, – потенцира Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни